Вртоглави бројки. Илон Маск побогат за 15 милијарди долари
По успешната деловна недела, богатството на Илон Маск, американски претприемач и сопственик на Тесла, се зголеми за 15 милијарди долари и сега изнесува 90 милијарди долари.
Маск објави дека компанијата Тесла успеала да се пробие на најважниот индекс на берзата во Њујорк S&P 500, кусо време откако неговата вселенска компанија Спејс Икс испрати четири астронаути во вселената.
Маск, кој пред неколку дена соопшти дека од четири направени тестови на коронавирусот, два биле негативни, а два позитивни, се проби на третото место на списокот на најбогати луѓе на планетата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.