Врчак со емотивна објава за Андреј од „ДНК“

Македонскиот музичар Раде Врчаковски – Врчак првпат јавно се огласи по трагедијата во Кочани, која ја потресе целата земја и во која загина 61 лице. Меѓу нив беше и Андреј Ѓорѓиески, членот на популарното дуо „ДНК“ и долгогодишен пријател и соработник на Врчак.
Тој имаше повеќегодишна соработка со „ДНК“, а нивното пријателство се одразуваше и преку бројни заеднички хитови и настапи низ годините. По неговото повлекување од јавноста, токму Андреј и Панчо беа тие што успеаја да го вратат на сцената со дуетската песна „Посреќна“ во 2023 година.
Во емотивна објава на својот фејсбук-профил, Врчак сподели фотографија од снимен материјал и напиша емотивна порака.
„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва не можев да слушам музика, не можев ни на Фејсбсук да гледам ништо. Уште не можам, уште закрепнувам, ама пред малку ја пуштив последната песна што ја снимавме неколку дена пред да загине. Кога му го слушнав гласот, ме врати во живот. Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“, напиша тој.
The post Врчак со емотивна објава за Андреј од „ДНК“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: