ВСЕЛЕНСКO ТУШИРАЊЕ на астронаут стана сензација по ова видео: Жените „полудуваат“ по неговите мускули

Астронаутот Виктор Гловер стана неочекувана интернет сензација, и тоа затоа што камерата го сними моментот на неговиот „туш“ за време на вселенска мисија.

Сцената, која случајно беше емитувана од вселенското летало „Орион“ , предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи и го „претвори“ искусниот пилот во вирален феномен.

Секојдневен живот во бестежинска состојба

Имено, за време на мисијата „Артемис II“ , НАСА објави снимки во живо од внатрешноста на „Орион“. Гледачите можеа да го видат 49-годишниот астронаут, облечен само во шорцеви, како користи таканаречена хигиенска крпа – вселенска верзија на влажни марамчиња – по тренингот.

Иако сето тоа беше дел од рутината на секојдневниот живот во бестежинска состојба, глетката на исклучително обучената фигура на Гловер не остана незабележана.

Директорот од контролниот центар во Хјустон реагираше брзо и го прекина сигналот, токму кога астронаутот си ги чистеше нозете, сфаќајќи дека се емитува повеќе од планираното.

„Ве молам, дозволете му да вежба што е можно повеќе.“

Сепак, беше предоцна – видеото веќе се прошири на интернет и собра стотици илјади прегледи. Корисниците на социјалните мрежи не го криеја својот ентузијазам, а некои дури му го дадоа и прекарот Баф Лајтјир , алудирајќи на познатиот херој од анимираните филмови.

„Боже мој, астронаутот Виктор Гловер е во неверојатна форма. Ве молам, дозволете му да вежба што е можно повеќе“, напиша еден корисник, додека друг додаде со емотикон во облик на мускул: „Една реплика за човек, цел сет за човештвото“.

Трет се пошегува дека е „премногу убав за неговата кошула“, додавајќи: „Дами, ве молам, тој е оженет… но јас разбирам“.

„Не ни пречеше…“

Операторот во контролниот центар, Кристина Берч, набрзо го извести екипажот дека преносот е прекинат: „Само да ве известам, имавме видео од Виктор кое сега го запревме.“

Командантот на мисијата Рид Вајзман одговори: „Го цениме тоа. Не ни пречеше што се емитуваше во етерот, но разбираме ако сакате да го ограничите.“

Капетанот на американската морнарица Виктор Гловер, роден во Калифорнија, беше избран за астронаут во 2013 година. Тој има четири ќерки со сопругата Дион, објавува „Дејли меил“.

Мисијата е внимателно следена од легендарниот астронаут Баз Олдрин – вториот човек што стапна на Месечината за време на мисијата Аполо 11, заедно со Нил Армстронг.

„Сега е време за Марс“

Неговиот пријател, режисерот Стивен Барбер, откри дека Олдрин е ентузијастичен за новото поглавје во истражувањето на вселената .

„Беше возбуден и постојано велеше: „Сега е време да одиме на Марс“. Можеше да се види колку беше среќен. Ми рече дека е среќен што се враќаме на Месечината и дека тоа одамна требаше“, рече Барбер.

Додека човештвото повторно се свртува кон вселената и новите мисии, еден непланиран момент од секојдневниот живот на еден астронаут го потсети светот дека дури и во најнапредните потфати – човечкиот фактор сè уште игра голема улога.
The post ВСЕЛЕНСКO ТУШИРАЊЕ на астронаут стана сензација по ова видео: Жените „полудуваат“ по неговите мускули appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: