Второ годишно усогласување на пензииите за 1,8 насто

– Септемвриските пензии што пензионерите ќе ги добијат овој месец ќе бидат повисоки за 1,8 насто согласно усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8 насто кое се прави согласно порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено и новото усогласување на пензиите од 1,8 насто за месеците јули и август.
– Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8 отсто, но без дополнителни разлики од претходниот период, велат од Министерството.
Ова е второ усогласување на пензиите за оваа година, првото беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 насто.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.