Второ засилување во Струга – Кривањева се врати од Косово да ја засили одбраната!

Актуелниот прволигашки лидер Струга Трим Лум го донесе и второто зимско засилување после ангажманот на Меџит Незири кој раскина со Шкендија, па нов член е Бесарт Кривањева.

Дефанзивецот кој може да игра и на стоперските позиции и како лев бек се враќа во Македонија од Косово, каде беше член на Ѓилани во изминатите шест месеци, а претходно една година играше во албанска Егнатија каде замина од Шкупи.

Тој е поранешен фудбалер на Металург и Шкупи, а има и вкупно четири настапи за младинските селекции на Македонија, по два во таа до 20 и во таа до 21 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: