Второ издание на фестивалот за култура Коронијалс

Коронијалс претставува поле на кое се вкрстуваат многу нишки на времија и безвремија, младости и возрасти, интереси и откровенија со цел да се создаде силна нишка на која ќе се подигне новото време на македонската културно – уметничка сцена“, објаснуваат организаторите на фестивалот.

Фестивалот ќе се отвори со ликовна изложба која ќе трае до крајот на настанот, а публиката ќе може да проследи и ноќ на класична музика и опера од учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, книжевна емисија на Светла Јакшиќ и Пепи Стамков со гостинот Стефан Марковски, монодрамата „Ѕвездан“ на Емануела, краткиот филм „Пикавец“ на Георге Нешковиќ, подкаст воден од Светла Јакшиќ и Јана Ангелковска и игранка со експериментален музички состав од Кавадарци.

Фестивалот ќе биде заокружен во недела, со настанот „Ноќ на прозата и поезијата“, на кој ќе се претстават: Ненад Јолдески, Владимир Мартиновски, Лиле Стефановска, Исток Улчар, Горазд Кени, Софија Тодороска, Светла Јакшиќ, Пепи Стамков и Емануела.

Целосната програма на Коронијалс е достапна на Фејсбук настанот на фестивалот.

Влезот е бесплатен, а настанот ќе се одвива согласно со сите пропишани мерки за справување со пандемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.