На врвот на листата на Форбс за најплатени актерки, втора година по ред е актерката Скарлет Јохансон.
34- годишната актерка, најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата „Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018-та до јули годинава.
Ѕвездата на серијата „Современо семејство” – Софија Вергара, е на второ место со заработени 44,1 милиони долари, додека Рис Витерспун, продуцентка и актерка во серијата „Големи, мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.
Елизабет Мос, која глуми во серијата „Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за првпат се најдоа на оваа листа, при што првата заработила 24, а втората 23,5 милиони долари.
Никол Кидман, Џенифер Анистон, Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки на листата на Форбс за годинава.
Проценката на Форбс се заснова на истражувања на пазарот, заработка од филмови и серии и разговори со вработените во филмската индустрија.