Втор гол за Ристовски, втора победа за Динамо – Тричко ја спаси АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски со својот втор гол во вториот дел од сезоната во хрватската ХНЛ, вторпат беше клучен за победа на Динамо Загреб, за нов чекор поблизу до нова титула на актуелниот хрватски првак, а Иван Тричковски со гол на минута пред крајот ја спаси АЕК Ларнака од пораз со Шлорака (1-1).

Ристовски погодои со волеј во 37-та минута на асистенција на Батурина и тој гол на македонскиот десен бек беше клучен за победата со 1-0 на „модрите“ против Истра. За Ристовски ова е втор гол откако даде еден во првиот триумф по стартот на вториот дел од сезоната против Локомотива Загреб со 2-1.

Пронајдете не на следниве мрежи: