Втор драматичен пад на цената на нафтата денеска. Сега се тргува за 11,5 долари по барел! Ќе има ли намалување на цените и во Македонија?
Дали ова ќе доведе до пад на цената на бензините и во Македонија? Според најавите не!
Претходно денеска напишавме:
Историски пад на цената на нафтата. Во Македонија се планира покачување на цените со нови даноци.
ОПЕК минатата недела се договори за намалување од скоро 10 милиони барели на ден, но тоа како што може да се види се покажа како недоволно.
Складовите за нафта во САД се преполни и речиси нема веќе место за нови залихи. Деновиве циркулираше информација дека и сите танкери во светот се преполни и нема каде да се складира извадената количина.
Како што може да се види од слајдовите цената дојде до симболични 13 долари по барел. Треба да се знае дека барелот содржи 159 литри.
Ако ова се подели во денари, набавната цена на нафтата во овој момент на светските берзи изнесува 4,6 денари. Да, добро читате, цената е нешто над 4 денари. Се над тоа се давачки и маржи.
Пронајдете не на следниве мрежи:Историски пад на цената на нафтата. Во Македонија се планира покачување на цените со нови даноци