Вулканот Етна повторно проработе

Најактивниот во Европа, италијанскиот вулканот Етна вчера еруптираше и почна да исфрла лава, што тече по должина од неколку стотини метри. Првите пукнатини се отвориле на југоисточниот дел од кратерот, како и на североисточната страна.
Директорот на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Катанија (ИНГВ), Еугенио Привитера рече дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот.
– Ова наскоро може да заврши, а може и да потрае неколку месеци. Во моментов нема опасност за луѓето кои живеат во оваа област, но од безбедносни причини, потребно е да се контролира приливот на туристи, смета Привитера.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.