Вупи Голдберг ужива во осаменост: Многу сум среќна, не сакам да живеам со никого

Вупи Голдберг откри дека ужива да биде сама и дека не сака да го промени тоа.

Голдберг изјави дека не бара маж во својот живот.

„Во последните 25 години сфатив дека не секој е создаден за врска. Некои луѓе се создадени за авантури за една ноќ. Не сакам да живеам со никого. Живеев со ќерка ми и тоа е сè што можам да поднесам. Има многу луѓе што ги сакам, но немам потреба да спијам со нив“, рекла таа.

Голдберг била во брак три пати, но истакнала дека не е добра во врските.

„Не сум добра во тоа бидејќи морам да размислувам за другите луѓе, а имам доволно за што да размислувам со мојата ќерка и нејзиниот сопруг и сите луѓе преку работата“, рече таа.

Актерката тврди дека не се чувствува осамено бидејќи има доволно луѓе околу себе кои не ѝ дозволуваат да се чувствува така.

„Луѓето постојано ми велат дека ќе најдам некого, но јас не сакам. Многу сум среќна, не сакам да живеам со никого. Не сакам да делам пари, знам дека е ужасно, но не сакам да го правам тоа“, рекла таа.
The post Вупи Голдберг ужива во осаменост: Многу сум среќна, не сакам да живеам со никого appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: