Вучевиќ: Србија е најуспешната земја во регионот

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска на својот Инстаграм профил се огласи по повод церемонијата на инаугурација на новиот претседател на Индонезија и порача дека на сите меридијани се препознава дека Србија е најуспешната земја во нашиот регион.

„Извонредно организираната церемонија на инаугурација на новиот индонезиски претседател беше можност да разговарам со бројни светски лидери“, рече Вучевиќ во соопштението.

„Србија е најуспешната земја во нашиот регион и тоа се препознава на сите меридијани“, посочи тој.

Вучевиќ во претходна објава му се заблагодари на новоизбраниот претседател на Република Индонезија, Прабов Субианто за гостопримството и пријатната вечера.

Пронајдете не на следниве мрежи: