Вучиќ бара бесплатна вакцинација за Македонците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Северна Македонија,.
Тие ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.
Денес Владата на Србија донесе одлука да овозможи вакцинирање во Србија за граѓаните на Босна и Херцеговина.
Владата на Србија донесе одлука да овозможи вакцинирање на граѓаните на Босна и Херцеговина против ковид-19 во Србија.
Како што беше објавено по седницата на Владата, одлуката е донесена со оглед на тоа што соседната земја во моментов ја нема потребната количина вакцини.
„На овој начин се изразува солидарност со граѓаните на БиХ и тоа овозможува постигнување колективен имунитет на регионално ниво“, соопштија од српската Влада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.