Вучиќ: Домашни тајкуни и странски сили работат против интересите на Србија

Одредени домашни и странски сили и тајкуни работат против интересите на Србија, истакна во гостување на Телевизија Хепи претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, …
Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
Потпретседателката на Филипини, Сара Дутерте денеска изјави дека нарачала убиство на претседателот Фердинанд Маркос помладиот, на неговата сопруга и на претседателот на Претставничкиот дом, доколку таа …

Претседателот истакна дека доколку победи неговата опција „Србија не смее да запре“ предводена од него, државата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и дека се планираат и други големи проекти.

Тој додаде дека, доколку загубат на овие избори, ќе ги признаат резултатите и ќе ги остават „експертите“ да ја водат Србија „под палката на Ѓилас“.

Според него, луѓето треба да знаат дека по изборите сите листи на опозицијата ќе се обединат и ќе станат едно во ист ден.

– Има две опции – за ‘Србија не смее да запре’ или за списокот на Драган Ѓилас. Која е разликата освен некој што се обидува да ти го одземе патриотскиот глас. Овој пат не се кријат – рече Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.