Вучиќ му реплицирање на Рама: Како тоа убивањето македонски полицајци стана легитимна цел на политичката борба?

Српскиот претседател Александар Вучиќ му реплицираше на албанскиот премиер Еди Рама, кој барикадите на Србите од северот на Косово ги нарече средство за политичка борба.

Вучиќ му реплицирање на Рама: Како тоа убивањето македонски полицајци стана легитимна цел на политичката борба?

„Еди Рама вели дека е цинизам тоа што барикадите се прогласени за легитимно средство на политичката борба. Тој е мој другар, но да те прашам Еди – како тоа убивањето македонски полицајци стана легитимна цел на политичката борба?

Па влегоа во Владата, а Србите во Црна Гора немаат право леб да јадат. Луѓето не се дебили. Не потценувајте го српскиот народ“, изјави Вучиќ во интервју за српската ТВ Прва.

Тој, очигледно, мислеше на албанската паравоена формација Ослободителна национална армија (ОНА), која го почна воениот конфликт во Македонија со напад врз полициската станица во Теарце на 22 јануари 2001 година, а по војната од неа произлезе политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), која по изборите една година подоцна влезе во Владата формирана од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.