Вучиќ на руски: Не ги дочекавме окупаторите со цвеќе, како некои во регионот

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати и на руски јазик на церемониите по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград, во знак на почит кон советската Црвена армија што учествуваше во борбите.

– Не ги дочекавме окупаторските сили со цвеќе, како некои во регионот, и затоа бевме бомбардирани на 6 април (во 1941 година). Србија не ја заборава братската рака што ѝ беше подадена. Речиси 3.000 наши борци и 1.000 црвеноармејци ги дадоа своите животи за овој град и за оваа земја. Нивните жртви се во темелот на нашата слобода, која не ни беше подарена, туку беше извојувана низ крв и солзи – изјави Вучиќ.

Константин Косачев, потпретседател на рускиот Совет на Федерацијата, ѝ се заблагодари на Србија на „негувањето и внимателниот однос“ кон заедничката историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: