Вучиќ: „Не постои Република Косово“

„Република Косово не постои, ниту според јавното меѓународно право, ниту според Повелбата на Обединетите нации, ниту според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави денеска во Тиват српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање од новинар од Црна Гора.
„Не ми пречи што се радувате и провоцирате велејќи „Република Косово“, замислете дека ви зборувам за „Република Гусиње“ или за „Република Пљевља“… Тоа не постои. Косово е дел од Србија“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека новинарот со тоа само потврдил дека не ја поддржува ниту Повелбата на ОН, ниту Резолуцијата на ОН, туку дека ја поддржува поделбата на Србија и сецесионистичките движења во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: