Вучиќ: Одлуката за мандатот ќе се донесе во следните седум до десет дена, изборите не може да се одржат на Велигден

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека претседателството на Српската напредна странка не донело одлука за мандатот за состав на влада и додаде дека името ќе биде објавено во наредните денови.

На прес-конференција по седницата на претседателството на СНС, Вучиќ рече дека претседателот на оваа партија, Милош Вучевиќ, предложил да се почека уште 7-10 дена.

„Претставникот мора да биде прв во тимот, разговаравме за тоа, но не сме донеле конечна одлука, се уште имаме некои дилеми и работи кои не се ни лични туку системски, тоа треба да го решиме во деновите што следат. “ изјави Вучиќ.

Зборувајќи за претстојните избори, Вучиќ рече дека е уверен во победата.

Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, минатата и на почетокот на оваа година имаше консултации со пратеничките групи за мандатот за состав на новата Влада. На консултациите не присуствуваа коалициите „Србија против насилство“ и НАДА.

Вучиќ на конференцијата рече и дека Ана Брнабиќ веднаш по изборот за претседател на српскиот парламент ќе има обврска да распише повторени избори во Белград, кои ќе се одржат во рок од 45 до 60 дена.


Пронајдете не на следниве мрежи: