Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека на учесниците на самитот во Тирана, при усогласувањето на декларацијата што беше усвоена, им порачал дека има работи каде Србија не може да прави компромиси.
„Не можеме да прифатиме „држави“, бидејќи тоа би го признало Косово, а вие секогаш треба да се грижите за илјада детали. Не можеме да го прифатиме тоа во однос на санкциите, бидејќи ниту имаме овластување, ниту можам, ниту ќе ја уништам политиката на државата Србија и политиката што ја усвои Советот за национална безбедност“, изјави Вучиќ за РТС.
Според него, Приштина и покрај тоа што знаела како изгледа декларацијата, инсистирала повторно да се гласа само за санкциите, кои не поминале.
Вучиќ рече дека има уште една работа за познатото „малигно влијание на Русија“.
„Имаме некои други за чие малигно влијание можеме да зборуваме. Имавме избори, па видовме како изгледа. Значи, ако ви пречи Русија, нема да кажам дека некој друг ни пречи, туку сакам да кажам дека имало такви кои имале такво влијание кај нас, а тие не биле Руси. И потоа го ставија, го исфрлија“, рече Вучиќ.