понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Вучиќ самоуверен: Ќе разговараме со Американците за царините, брзо ќе го решиме тоа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Софија изјави дека царините на Трамп за Србија се пресметани по чудна формула и дека имаме различни бројки и дека е уверен дека овој проблем ќе го решат во следните три месеци, а можеби и поскоро, пренесе „Радио Слободна Европа“.

„Тоа е чудно од многу причини, но луѓето да не се грижат, ќе го решиме, ќе се погрижиме. Сигурен сум дека ќе можеме да разговараме со нашите американски партнери и со претседателот Трамп“, изјави Вучиќ на новинарите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој посочи дека тоа е проблем за „Југоимпорт“, „Прв Партизан“ и производителите на гуми, особено за камиони и автобуси, „Тојота Тир“ и „Линглонг“. Ова се важни прашања за Инѓија и Зрењанин.

„И затоа ќе погледнеме како и на кој начин да го решиме. И убеден сум дека во следните, можеби и пократко, но во следните три месеци ќе го решиме овој проблем. Не можам да гарантирам, но сигурен сум и верувам дека ќе го решиме ова прашање“, рече Вучиќ, пренесе „Танјуг“.

Поврзани вести