Српскиот претседател, Александар Вучиќ утрово во ТВ гостување рече дека мисли оти светот е на работ на трета светска војна.
„Имате прилично тешка ситуација во Украина и сега е сосема јасно дека на Западот ќе му биде тешко да ги победи Русите, исто како што на Русите ќе им биде тешко да ги поразат Украинците. Кина и Америка останаа надвор од конфликтот, но Америка недвосмислено им помага на Украина и Израел. За жал, се приближуваме до тоа, луѓето и многу земји сакаат поинаков поредок во светот“ рече претседателот.
Вучиќ рече дека целиот свет оди во лоша насока.
„Затоа ни треба безбедност и стабилност, да ја заштитиме нашата земја, а не да ја напаѓаме како што прават некои“, рече Вучиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.