Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва и се обрати на јавноста, говорејќи за политичката ситуација во земјата и регионот, со посебен осврт на настаните во Босна и Херцеговина и Република Српска. Тој смета дека евентуалното апсење на претседателот на РС, Милорад Додик, би имало сериозни последици.
Секоја одлука за апсење на Милорад Додик би била катастрофална, секако и за целиот регион и за Србија. Пред нас е тешка борба, ќе се држиме до нашите принципи. почитувајќи го територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, Дејтонскиот договор, но цврсто ќе застанеме до Републиката..Да разговараме со Србија, со нејзиниот народ и секогаш да му помагаме на раководството на Република Српска во се што можеме. Република Српска може да смета на Србија, додаде тој.
Вучиќ го коментираше и новиот момент, а тоа е сослушувањето на Додик во Белград во врска со купување а вила на Дедиње, нагласувајќи дека зад целиот случај стојат политички мотиви и активности на странски разузнавачки служби.
Јасно е колкава моќ добија некои странски разузнавачки служби кога ги најдоа внатре во нашиот систем оние кои токму сега и во овој момент би го испрашувале претседателот на РС поради некоја куќа на Дедиње од пред 15 или 20 години. Замислете го срамот за Србија да учествува во апсењето на претседателот Додик, да ја врши валканата работа за сите што сакаат да го соборат српскиот народ. Што им паѓа на памет на одредени носители на власт овде во Србија и тоа врз основа на меѓународна правна помош, врз основа на барања од Сараево. И, во исто време, никогаш не добивме одговор за се што баравме, па дури ни за тоа како беше линчуван премиеотр на оваа земја во Сребреница. Но, што им е гајле, им се може, рече Вучиќ.