Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните 10 дена ќе одлучи дали ќе се формира нова влада или ќе има нови избори. Тој истакна дека е отворен за двете опции, но преодни влади нема да има.
Во следните десет дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на нови избори или ќе одиме на формирање нова влада, рече Вучиќ.
Доколку имаше избори, тие ќе се одржат за 75 дена, пред први мај, а напомена дека нема да има привремена влада.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.