Вучиќ: Србија ја очекуваат промени во владата и предвремени избори

Првиот заменик-премиер и министер за одбрана на Србија, Александар Вучиќ, ја најави претстојната реконструкција на владата поради лошата работа на некои од нејзините членови, како и можноста за одржување предвремени избори.

 Во понеделникот навечер на националната телевизија РТС, Вучиќ изјави дека смената на неколку министри ќе биде возможна по 15-ти март, кога владејачката Српска напредна партија (СНС) ќе ја оценува нивната ефикасност и ќе му предложи реконструкција на премиерот и воедно министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој доаѓа од редовите на коалицискиот партнер Социјалистичката партија на Србија (СПС).
Прв меѓу кандидатите за смена е министерот за земјоделство, Горан Кнежевиќ, кој стана еден од главните обвинети во скандалот за легализацијата на млекото во Србија со висока концентрација на канцерогениот афлатоксин М1.
„Министерот Кнежевиќ понуди оставка, но мислам дека би било нефер да ја прифатиме, сé додека не ја разгледаме работата и на сите други министри, вклучувајќи ме и мене”, рече Вучиќ.
Јасно стави до знаење дека доколку партнерите во владејачката коалиција, во којашто покрај „народњаците” на претседателот Томислав Николиќ, влегуваат и социјалистите на Дачиќ и голем број помали партии, не се согласуваат за реконструкција на владата, може да дојде до предвремени парламентарни избори.
Владејачката коалиција, исто така, има намера да иницира предвремени избори, кога тоа би бил определен датум за почнување пристапни преговори на Србија со Европската унија. „Ние не сме родени на своите функции и ќе излеземе на избори, доколку опозицијата го постави прашање за легитимноста на нашата влада”, рече Вучиќ.
Српските опозициски партии, инаку, на почетокот од февруари, побараа распуштање на парламентот и распишување вонредни парламентарни избори.
Агенцијата за испитување на јавното мнение Фактор во јануари објави анкета според која рејтингот на Српската напредна партија (СНС) расте и владејачката партија имала тогаш поддршка од 36 отсто од граѓаните на Србија, додека за Демократската партија (ДС) се изјасниле 15 отсто од испитаниците, додека за социјалистичката партија на Србија (СПС) на премиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ се определиле 11,8 отсто од српските избирачи.
Српската влада на почетокот од февруари се најде во најтешката криза од август 2012 година, кога е формирана, а судирите и несогласувањата внатре во владејачката коалиција што ја предводи Српската напредна партија, би можела, според пишувањата на српските медиуми, да доведе до предвремени избори чиј датум би зависел од одлуката на Европската унија дали и кога ќе и одреди на Србија датум за почеток на пристапните преговори. Според политичките аналитичари, предвремените избори во Србија би можеле да се очекуваат уште оваа есен.
Макфакс
Првиот заменик-премиер и министер за одбрана на Србија, Александар Вучиќ, ја најави претстојната реконструкција на вла

Пронајдете не на следниве мрежи: