Вучиќ: Србија ја очекуваат 11 дена пекол

Српскиот вицепремиер и воедно министер за одбрана Александар Вучиќ рекол четвртокот на седница на владата дека и владата и Србија ги очекуваат „11 дена пекол“ доследниот круг преговори со Приштина на 2-ри април, бидејќи има работи кои Белград не може да ги прифати, но и работи кои не смее да ги отфрли, пишуваат српските медиуми.Средбата на владата на Србија се одржа по 12-часовните преговори од средата меѓу српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи во Брисел под покровителство на Европската унија и со учество на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон. Со седница претседавал заменикот претседател на владата на Србија, Александар Вучиќ од Српската напредна партија (СНС), бидејќи премиерот Дачиќ директно од Брисел отпатува во Њујорк на заседанието на Советот за безбедност при Обединетите нации. Како што забележуваат во белградските медиуми, во истиот авион патувал и косовскиот премиер Хашим Тачи.„Ни преостанаа 11 денови пекол. И за владата и за Србија, постојат работи кои не можеме да ги прифатиме, но и работи кои не смееме да ги одбиеме“, ја појаснил актуелната ситуација на Србија, вицепремиерот Вучиќ пред владиниот кабинет, пренесува Радиотелевизија Србија (РТС).Агенцијата Танјуг, повикувајќи се на неименувани извори од српската влада, пишува дека во оцените на Вучиќ бил нагласен коментарот дека во текот на седмиот круг од преговорите меѓу Белград и Приштина во средата во Брисел на масата бил ставен документ кој на Србија „не ѝ дал ниту еден отсто можност да го прифати“.„Вие, сите членови на владата, знаете дека и колку сме посветени на добивањето датум и на евроинтеграциите. Ќр ви прочитам дел од предлогот кој го добивме и единствено што можам да ви кажам е дека, за жал, никој освен нас не покажа подготвеност на направи каква и да е отстапка или компромис, што не ни даде апсолутно никаква шанса понуденото и да го прифатиме“, ги пренесува интернет изданието на белградскиот весник Блиц, зборовите на вицепремиерот Вучиќ, според изворот на весникот, и порачал дека Србија не се откажува од европскиот пат.„Ќе го продолжиме својот европски пат. Се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор со Приштина, но пред својот народ не можеме да излеземе со празни раце“, рекол Вучиќ.Истакнувајќи дека „никој не се родил во политиката“, како и дека тој лично „не мора да се занимава со оваа работа“, Вучиќ на министрите им рекол дека за понудениот документ за Србија не бил прифатлив „Сакам да знаете дека не ни дадоа ние еден отсто шанса да го прифатиме документот“, додал српскиот вицепремиер.По седницата влада објави соопштените во кое се истакнува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да продолжи во конструктивна атмосфера и без притисоци“, за да се постигне „решение коешто ќе обезбеди опстанок и сигурен живот на Србите на Косово и Метохија и ќе отвори европски перспективи за Србија“.Српската влада на седницата во четвртокот, исто така, оценила и дека „само со праведно решение на проблемот на Косово и Метохија може да се обезбеди трајна стабилност во целиот регион“.Следниот круг од преговорите меѓу Белград и Приштина е закажан за 2-ри април во Брисел, а клучното нерешено прашање останува она за прашањето за заедницата на српските општини на Косово за која Белград бара да има извршни овластувања, а Приштина е упорна на тоа таа да функционира во уставно-управниот систем на Косово.
МакфаксСрпскиот вицепремиер и воедно министер за одбрана Александар Вучиќ рекол четвртокот на седница на владата дека и

Пронајдете не на следниве мрежи: