Вучиќ: ФСБ вели дека не е користен звучен топ на протестите

Руската ФСБ соопшти дека врз основа на добиените резултати може да се заклучи дека акустичните уреди во сопственост на српското Министерство за внатрешни работи не биле користени на 15 март, објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во своето обраќање до јавноста од Палатата Србија, Вучиќ рече дека официјалниот извештај на ФСБ пристигнал вчера и дека извештајот бил објавен на веб-страницата на БИА непосредно пред неговото обраќање.
Тој додаде дека ФСБ е една од најмоќните и најпознатите служби, заедно со американското ФБИ.
Претседателот изјави дека ФСБ спровела истрага во три насоки и дека дури користеле живи суштества, кучиња, за да ги докажат своите заклучоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: