Вучиќ ја укина состојбата на највисока борбена готовност

Александар Вучиќ, претседател на Србија одлучи да ја укине состојбата на највисока борбена готовност на армијата во јужниот дел на Србија.
Како што стои во соопштението на српското Министерство за одбрана, Вучиќ рано утринава во согласност со овластувањата до министерот Александар Вулин и началникот на Генералштабот на Војската на Србија генерал-полковникот Милан Мојсиловиќ доставил наредба за „деактивирање на силите за итна и брза реакција“.
„Војската на Србија во соработка со другите безбедносни структури во согласност со наредбата на Врховниот командант и понатаму ја следат безбедносната ситуација и е подготвена во секој момент да ја заштити својата држава и сите наши граѓани, без разлика каде живеат“, соопшти Министерството за одбрана.
Претседателот Вучиќ, кој е и врховен командант на Војската на Р.С. нареди војската да се стави во состојба на највисока борбена готовност бидејќи во саботата на 29 септември претседателот на Косово, Хашим Тачи дојде на езерото Газивода во придружба на припадниците на специјалните сили на Косово РОСУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.