Вчера во Скопје два пожари, за среќа само со материјална штета

На улица ”Пролетерска“ во Скопје вчера околу 15:00 часот избувнал пожар во помошна просторија од куќа во сопственост на 39-годишниот Г.М. Целосно изгорела кровната конструкција и инвентар, но за среќа нема повредени лица.
Синоќа во 19:25 часот било пријавено дека на улица „14“ во село Сарај, скопско, во куќа во сопственост на Т.Т. и Р.Т., во една од собите на приземниот дел, исто така, избувнал пожар. Изгаснат е од страна на Противпожарна екипа, а на местото на настанот е извршен увид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.