Вчера на Табановце тројца приведени

На 08.03.2019 година во 13:30 часот на Граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници бил приведен И.Г.(52) од Р.Албанија поради основано сомнение дека патната исправа била намерно оштетена (избришан штембил на една од страниците). Лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
На 08.03.2019 година во 18:10 часот на Граничниот премин Табановце при контрола на лицето Л.О.(43) од Р.Турција било утврдено дека доставените документи биле фалсификувани. При преглед над лицето пронајдена била турска возачка дозвола на име H.А.(42) од која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Исто така на 08.03.2019 година во 21:50 часот на Граничниот премин Табановце при извршена проверка било констатирано дека Џ.М.(24) од Скопје евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор за сторено кривично дело по чл.236 став 1, в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и истиот да се спроведе до КПУ-Затвор-Идризово. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.