недела, 22 ноември 2026
Најново

Синот на Милорад Додик го доби мандатот за состав на нова Влада на Република Српска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Игор Додик, син на лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, е предложен за нов премиер на Република Српска и покрај информациите дека неговото кандидирање е се понеизвесно.

Игор Додик/Фото: Принтскрин
Синот на Милорад Додик го доби мандатот за состав на нова Влада на Република Српска
А.С.
Пред 2 часа

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Игор Додик, син на лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, е предложен за нов премиер на Република Српска и покрај информациите дека неговото кандидирање е се понеизвесно.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
ДЗС: Се трага по исчезнат човек во Вардар кај Гостивар
Вилијам подготвува удар против Хари – принцот би можел да ја изгуби титулата, ниту неговите деца не се поштедени
ВИДЕО | Колони автомобили блокирани на скопската обиколница, се чекало да помине делегација
Одлуката ја објави денес во Бања Лука претседателот на Република Српска, Саво Миниќ, по консултациите со претставници на партиите од владејачката коалиција. Игор Додик има 37 години и првпат се кандидираше на избори во октомври годинава. Како носител на листа на СНСД освои пратенички мандат, а во новиот состав на Народното собрание стана координатор на пратеничката група на партијата.

Тој сега треба да формира нова ентитетска влада и да номинира министри. За да ја преземе функцијата премиер, неговиот кабинет мора да добие поддршка од Народното собрание на Република Српска.

Милорад Додик во петокот потврди дека Претседателството на СНСД веќе одлучило кого ќе номинира за мандатор, но во тој момент не го откри неговото име. Тој рече дека кандидатот има целосна поддршка од партијата.

Тој исто така објави дека носителот на мандатот ќе има слобода во изборот на министри. Според него, новата влада треба да биде помлада, професионална и поефикасна, а воедно да задржи и дел од искусниот персонал.

Покрај Игор Додик, како можни кандидати во последните денови се споменуваа Зоран Стевановиќ, министер за транспорт и врски на Република Српска, и Ана Тришиќ-Бабиќ, директорка на Канцеларијата за меѓународна соработка на РС.

Според уставните одредби, Народното собрание има 40 дена од номинирањето на носителот на мандатот за избор на новата влада.

Поврзани вести