недела, 22 ноември 2026
Најново

Родителите на загинатите во „Пулс“ стравуваат дека над 200 предложени сведоци ќе го одолговлечат судењето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани стравуваат дека големиот број сведоци предложени од одбраната непотребно ќе го продолжи судењето. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4NEWS.mk, Александар Наунов и Томче Стојанов посочија дека одбраната предложила повеќе од 200 сведоци и дека дел од предлозите подоцна биле повлечени.

„Се одолговлекува и се разводнува целата ситуација“, рекоа родителите. Тие посочија дека патувањата од Кочани до Скопје и повторното слушање на деталите за пожарот се дополнителен товар за семејствата. Изразија незадоволство и од однесувањето на дел од адвокатите на обвинетите, за кои сметаат дека не покажуваат доволно почит кон семејствата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Наунов рече дека досега се одржувало приближно едно рочиште неделно и изрази надеж дека судот ќе закажува почести рочишта. Родителите побараа постапката да заврши во разумен рок, со почитување на правата на обвинетите и со одлука заснована врз доказите.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето се води пред Основниот кривичен суд Скопје, во судницата во „Идризово“.

Поврзани вести