недела, 22 ноември 2026
Најново

Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле автобус и автомобил, загинало едно лице, повеќе повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случила на излезот од Дубраве кон Церик, во Босна и Херцеговина.

„Во полицијата на Брчко-дистриктот на БиХ, на 21 ноември 2026 година, во 19:01 часот е пријавено дека на излезот од Дубраве кон Церик се случила сообраќајна несреќа“, потврди за „Аваз“ портпаролката на полицијата во Брчко-дистриктот, Џевида Хукичевиќ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Таа додаде дека полициските службеници веднаш по пријавата излегле на местото на несреќата и утврдиле дека во судирот учествувале патничко моторно возило и автобус.

Во несреќата едно лице го загубило животот, додека повеќе повредени лица биле згрижени во Јавната здравствена установа во Брчко.

На овој дел од патот сообраќајот е прекинат поради вршење увид. За несреќата е известен дежурниот обвинител на Обвинителството на Брчко-дистриктот на БиХ, кој излегол на местото на настанот, додаде Хукичевиќ.

Поврзани вести