Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го довери мандатот за формирање нова влада на Гади Ајзенкот, најголемиот политички ривал на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Одлуката доаѓа по парламентарните избори на 27 октомври, на кои ниту еден политички блок не освои доволно места за самостојно да формира влада, објави „Ројтерс“.
Нетанјаху, кој е премиер со најдолг стаж во историјата на Израел, се обидува да ја задржи функцијата и покрај тоа што неговата коалиција го загуби парламентарното мнозинство. Сепак, таа остана најголемиот политички блок во парламентот.
Ајзенкот, поранешен началник на израелската армија, го предводи блокот партии што се противат на Нетанјаху. Неговата коалиција би можела да обезбеди мнозинство со поддршка од арапските партии, но досега одбиваше да влезе во сојуз со нив.
Сепак, арапските политички лидери, незадоволни од политиките на Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници, го предложиле Ајзенкот за мандатар за време на повеќечасовните разговори со претседателот Херцог.



