Вчера полицијата казни 19 пијани возачи и 34 за пречекорена брзина

Поради пречекорена брзина на движење со моторно возило, полицијата санкционирала 34 возачи на подрачјето на Скопје во акциската контрола спроведена од Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР вчера од 6 до 24 часот.
Како што информира МВР, откриени се и 42 останати прекршока за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.
Во контрола за откривање пијани возачи, пак, од синоќа во 22 часот до 5 часот утрово на подрачјето на Скопје биле санкционирани19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.
Од 14 до 24 часот вчера се санкционирани и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налога.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.