Законите кои треба да стигнат во Собранието во делот на правосудството, енергетиката и стратешките движења и проекти во здравстото се дел од темите разговарани на средбата Мицкоски-Филипче во Владата.
Во изјава за медиумите по средбата лидерот на СДСМ истакна дека има добра волја од двете страни, а откако ќе се изработи прелиминарен модел на соработка ќе бидат поканети и останатите политички партии.
Филипче откри дека нова средба засега не е закажана, но ќе се номинираат експерти за работни групи по области и ова е една нова соработка која никогаш порано не постоела.
Во одговор на новинарско прашање дали ќе поддржат повторно отворање на случајот за Модуларната болница во Тетово и останатите трагедии, Филипче истакна дека по трагедијата во Тетово, како тогашен министер за здравство си дал морлана оставка иако не сторил никакво кривично дело и нагласи дека СДСМ нема ништо против и ќе дадат поддршка да се отворат сите случаи, вклучително и модуларната болница.