Гаврил Бубевски: “Материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денес изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.) и Панче Жежовски (74 г.), и, како што порача – „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

Баба од Скопје си ја претепала 26-годишната внука
На 21.09.2024 во СВР Скопје, 26 – годишна девојка од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзината 68 – годишна баба. Се …
Пречки и предизвици: Што навестува есенската рамноденица и што ќе се случи со вашиот знак
Есенската рамноденица пристигнува во недела на 22 септември, носејќи го со себе крајот на летото, почетокот на есента и почетокот на сезоната на ВагаЗа време на рамноденицата, бројот на часови во …

„Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените“, изјави Гаврил Бубевски.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

„Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт“, посочи Гаврил Бубевски.

Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Гаврил Бубевски вели дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.

По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, Љупчо Палевски – Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на убиената девојка, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

Малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27. и 24. ноември беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3. декември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.