Гавровски до Мицковски: престанете да го лажете членството

Пренесуваме еден хируршки и математички прецизен статус за тоа како размислува поширокото членство на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на мајскиот протест ама во Јуни!!

Нешто сакам да им кажам на овие што митингот на 2 ри го нарекуваат одбрана на Македонија, одбрана на Име,и други небулози кои нема да се случат на тој митинг! И тоа е јасно од малку логика, не треба да си професор! Ако сакаше да му ги каже Мицкоски, ќе му ги кажеше во очи на Заев! Што му рече за договорот со Бугарија? Што му рече за Името? Што му рече за двојазичноста? Му рече дека водел штетни политики ама заради доброто на граѓаните Мицкоски го поддржува! Парафразирано така му доаѓа! Ако се штетни, погубни,предавнички како може да се за доброто на граѓаните професоре, и како на секој штетен договор дадовте легитимитет глумејќи опозиција! А доколку поради политички маркетинг нешто каже на митингот околу националните прашања а нема храброст да ги реализира,затоа што Мицкоски секогаш збори што направило СДС,и што ќе направи ВМРО ДПМНЕ кога ќе дојде на Власт а никогаш што ќе направи ВМРО ДПМНЕ сега,ќе биде уште полошо за неговиот рејтинг. Никогаш не сум повикал на бојкот на митингот, и нема тоа да го направам ама дајте веќе со таа дволичност престанете!
Ако сте биле сите вие толку за Македонија, еднашка ќе го поздравевте бар Филип Петровски за сета борба што ја правеше изминатиов период, и сите идеи кои ги најавуваше што треба партијата да направи! Не велам да го одберевте за Лидер, туку да речевте Да Филип во право си, треба пожестоко да делуваме! Не вие напротив, удривте дека не бил ВМРО!
Филип не бил ВМРО?  Што на секој митинг изминативе 20 години бил на улица? Ама тоа било борба за Лидерско Место а ова е одбрана на Македонија, не е борба за власт! Бегајте бе таму партиски полтрончиња! Но кругот се врти! Работите со тек на време ќе излезат на виделина! Од вас не може и покрај сите штетни политики на СДС,партијата да има поголем рејтинг од таа партија! Го уништувате ВМРО-ДПМНЕ!

Извор статусот на Дејан Гавровски:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.