Газдата на ПСЖ сака да го купи Манчестер јунајтед!?

Англискиот гигант Манчестер јунајтед во следните месеци треба да добие нов газда, откако актуелните сопственици, семејството Глејзер соопшти дека постои можност да ја продадат екипата ако пристигне добра понуда.

Семејството Глејзер ги чека првите понуди до 17 февруари, по што нов рок за понуди ќе биде отворен во март, кога заинтересираните инвеститори ќе можат да испратат свој предлог.

„Би-би-си“ пишува дека бизнисменот Сер Џим Ретклиф добил конкуренција во битка за премиерлигашот, а наводно конкурент му е Инвестициски фонд зад кој стои Насер Ал-Келаифи, односно сегашниот претседател на ПСЖ.

Пронајдете не на следниве мрежи: