Галичник три недели сообраќајно отсечен, а од денес и без струја

Месната заедница од Галичник ги повикува надлежните институции „Македонија пат“, општината Маврово и Ростуше и ЈПДП да преземат мерки и да овозможат пристап до Галичник, откако веќе три недели се отсечени од патна комуникација.

Од месната заедница потенцираат дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден.

„Дополнително, во Галичник веќе трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод во Галичник нема ниту електрична енергија. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот во Галичник имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап“ се вели во соопштението на МЗ Галичник.

Тие повикуваат на соодветна и навремена реакција на надлежните институции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.