Папската швајцарска гарда, која претставува најстарата активна војска во светот, планира да ги замени металните шлемови со плaстични ПВЦ шлемови, кои се прават со помош на три-де печатач.
Гаристите, кои се во служба на папата, на тој начин ќе добијат поудобни шлемови.
Новите шлемови чинат 880 евра, односно за половина се поевтини од старите метални.
Прототипот беше претставен на годинашнава церемонија на полагање на заклетва.
Швајцарската гарда во следните две години ќе прими 32 нови регрути, кои треба да се помлади од 30 години, да немаат партнер и да се католици. Тие треба да ветат дека ќе го штитат папата.