Во својот напис за 50 најдобри вина за претстојните божикни празници британскиот весник „Гардијан“ отстапи од именувањето на државава како Република Северна Македонија и се врати на уставното име на македонската држава.
По организиранито укажување од македонските корисници на социјалните мрежи, поттикнато од глобалното македонско движење „Ние сме Македонија“, „Гардијан“ си ја поправи грешката и ја именува државава така како што се вика таа во својот Устав, односно Република Македонија.