Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
- Среќна нова 2025 годинаСреќна нова 2025 година. Бидете среќни цела година. Пронајдете не на следниве- прочитај повеќе
- Црна Гора и Босна со најголем процентуален раст на минималната плата во регионотЦрна Гора и Босна и Херцеговина(БиХ) забележаа најголем процентуален раст на минималната- прочитај повеќе
- (Фото) Новата година пристигна во МоскваРуската престолнина Москва ја дочека новата година. Претходно Владимир Путин ѝ се- прочитај повеќе
- Скопјани традиционално се собраа на плоштад „Македонија“Скопјани традиционално се собраа на плоштадот „Македонија“ за дочекот на Новата Година.- прочитај повеќе
- Доналд Туск: НАТО ќе ја зајакне контролата врз балтичките водиПолскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека генералниот секретар на НАТО Марк- прочитај повеќе