Гаши: Ако по нешто најмногу потфрламе за овие 34 години тоа е одговорност

Можеби главното што го очекуваат граѓаните е одговорност бидејќи во изминатите 34 години тоа е нешто на што најмногу потфрламе. Како држава мораме да и ставиме крај на неодговорноста, вели претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА.

-За овие 34 години ако по нешто најмногу потфрламе тоа е одговорност. Значи, никој досега како се менуваше власта, минатите структури не давале одговорност, немало постапки, процеси кои би се решиле објективно низ судските органи. Тој кој направил криминал без разлика на неговата припадност партиска, политичка, етничка да одговара за прекршување на законот и мислам дека можеби нешто што најбргу треба да го испорачаме ние како држава во моментов заедно со судската власт, нормално, ние да обезбедиме аргументи и факти ако нешто негде е направено, а тоа од судските органи да го спроведат. Мораме да и дадеме крај на неодговорноста. Ова мора да заврши, истакна Гаши.

Пронајдете не на следниве мрежи: