Гаши: Собранието е подготвено во секое време да ги гласа уставните измени ако има политичка волја

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во интервју за МИА, вели дека не може да даде конкретен одговор дали до крајот на декември ќе почне или не процедурата за уставни измени во контекст на отворањето на преговорите со ЕУ.

-И можеме и не можеме да кажеме. Ако нешто не зависи од нас не можеме да тврдиме дека ќе има или не, вели Гаши.

Тој очекува кога ќе има каков било напредок околу ова прашање дека ќе биде известен и вели оти веднаш ќе ја започне процедурата.

Но, ова прашање, како што вели тој, има две компоненти – едната е процедуралната и втората е политичката волја.

Што се однесува до првата, Гаши вели дека Собранието заедно со службите и со Комисијата е подготвено во секое време кога ќе има предлог за уставни промени да ги стави на дневен ред и со тоа да почне процедурата и да заврши како што е предвидено со Уставот и со Деловникот.

-Вториот дел што се однесува до политичката волја тоа е прашање за политичките актери повеќе, лидери на политички партии, на мнозинството или на две третини од пратениците кои треба да ги усвојат тие измени и за тоа не сум претпоставен да одговорам, вели Гаши.

Пронајдете не на следниве мрежи: