Гвардиола им забрани мобилни телефони на играчите

Манчестер сити планира да ја повтори одличната минатогодишна сезона кога ја освои Премиер лигата, а тренерот Пеп Гвардиола за таа цел воведе построги правила за играчите и најави парични казни за непочитување на истите.
За да ја задржи концентрацијата на играчите, Гвардиола меѓу другото им забранил да ги користат мобилните телефони во тренинг центарот, а единствено место од каде ќе можат да телефонираат е соблекувалната. Парични казни се предвидени и за оние кои ќе доцнат на тренинзите, а досега за ова бил казнет Бенџамин Менди.


Гвардиола строго ја започна новата сезона, а за тоа сведочи и фактот дека Лирој Сане поради недисциплина и слабо залагање на тренинзите досега нема настапено на ниту еден натпревар во новата сезона.
Манчестер сити по четири кола во Премиер лигата има три победи и едно реми, а следниот натпревар го игра дома против Фулам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.