Еден од најдобрите тренери во светот, Пеп Гвардиола, повторно проговори за геноцидот врз Палестинците што го изврши Израел и двегодишното уништување на Газа.
Во пресрет на пријателскиот хуманитарен натпревар меѓу Каталонија и Палестина, кој ќе се игра утре во Барселона и каде што се продадени повеќе од 25.000 билети, познатиот стручњак изјави дека станува збор за повеќе од симболичен натпревар.
„Денес сите знаат сè, а со овој натпревар Палестинците ќе видат дека постои дел од светот на кој му е грижа за нив“, рече Гвардиола.
Ве потсетуваме дека сите приходи од натпреварот ќе бидат искористени за финансирање на хуманитарна помош и обнова во Газа, каде што, според последните податоци, загинаа околу 70.000 луѓе.
„Светот ја напушти Палестина. Ние апсолутно ништо не направивме. Не е нивна вина што се родени таму. Сите ние дозволивме цел народ да биде уништен. Штетата е направена и е непоправлива“, рече тој, продолжувајќи:
„Не можам да замислам ниту еден човек на овој свет кој би можел да ги брани масакрите во Газа. Нашите деца би можеле да бидат таму и да бидат убиени само затоа што се родени. Имам многу малку доверба во светските лидери. Тие ќе направат сè за да останат на власт.“
Коментарите на Гвардиола доаѓаат во време на растечки повици Израел да биде исклучен од меѓународните натпреварувања организирани од УЕФА и ФИФА.
The post Гвардиола: Светот ја напушти Палестина, дозволивме цел народ да биде уништен appeared first on Во Центар.



