Гвинет Палтроу: Имам задник како на стриптизета

Популарната актерка вели дека нејзиниот задник изгледа како на дваесетгодишна стриптизерка и дека тоа што е во добра форма, и дава самодоверба во кревет.
Гвинет (40) изјави дека за нејзиното затегнато тело “одговорна” е нејзината пријателка и тренер Трејси Андерсон.
“Задоволен сум со тоа како изгледам. Тренирав и пред да се сретнам со Трејси, но некако мислам дека со нејзините инструкции можам навистина да го трансформирам своето тело. Скоро им кажував на пријателите дека мојот задник не изгледа како да има 40 години, туку како на млада стриптизета “вели Гвинет.
Иако е во најдобра форма во нејзиниот живот, актерката призна дека неколку дена, едвај успева да ги принуди себеси да вежба.
“Јас буквално извикував од мака и едвај се натерав да започнам. Меѓутоа, кога ги видов резултатите, само продолжив да бидам упорна”, изјави актерката.
Таа почнала да вежба одкако родила, во 2006. година.
“Овој фитнес метод кој го практикувам, влијае на сите сфери на мојот живот. Мојата самодоверба е повисока и мојот сексуален живот е прекрасен”, вели среќната актерка.

 Популарната актерка вели дека нејзиниот задник изгледа како на дваесетгодишна стриптизерка и дека тоа што е во добра ф

Пронајдете не на следниве мрежи: