Гвинет Палтроу не може без веспата

Иако пред неколку години, возејќи ја својата ќерка Епл на скутерот за малку ќе се судреше со автобус кој непрописно го претекна, славната оскаровка и денес за да го избегне сообраќајниот метеж не се откажува од својата омилена бела веспа
Нејзиниот миленик на две тркала и е одлично решение за сообраќајниот хаос во Лос Анџелес. Со белата веспа таа и понатму непречено крстари низ градот. Иако најчесто го вози големиот “Ровер“ популарната актерка одамна сфати како најлесно да се справи со метежот во сообраќајот. Најчесто, под полна опрема, ќе ја видите како од Брендвуд, елитното предградие каде што живее јури на две тркала за да ги заврши обврските, но и да се разубави на Беверли Хилс.
Иако одлично се снаоѓа на две тркала симпатичната оскаровка  пред неколку години доживеа бројни јавни обвинувања затоа што во центарот на градот, при непрописно претекнување на автобус, направи огромен прекршок. За среќа се помина без последици и и требаше подолг период за повторно да седне на моторот.Но сега веќе се тоа го прекри велот на заборавот, а нејзе овој начин на превоз очигледно и годи, а и е најбрз начин за крстосување по зовриените авении низ Градот на ангелите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.