Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации






Општина Гостивар, во соработка со невладината организација МАМ и Црвениот крст од Гостивар, денеска реализираа заедничката активност „Генералка викенд 2024“.

Акцијата за чистење, која се одвиваше од 11:00 до 12:00 часот, опфати неколку локации: шеталиштето на реката Вардар, градскиот парк, центарот на градот и улица Дебарска.

„Општина Гостивар на секои два-три месеци има вакви еколошки акции за чистење на градот, денешнава е малку поинаква бидејќи се работи за генерално чистење низ повеќе општини во Македонија. Ученици и волонтери на Црвениот Крст, општинската администрација, вработени во јавните претпријатија се поделени во неколку групи, ќе го чистиме Гостивар се со цел да ја подигнеме свеста на граѓаните во одржувањето на хигиената во градот, изјави градоначалникот на Гостивар“, Арбен Таравари.

„Генералка викенд“ се спроведува во 53 општини во земјава. Акцијата има за цел да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да се влијае на заштитата на животната средина.

Сподели ја веста:

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: