Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
- НАТО ќе распореди 10.000 војници во Бугарија, Романија и Грција за голема воена вежба на крајот на месецов!НАТО ќе распореди 10.000 војници, бродови, авиони, тенкови, ракетни фрлачи во- прочитај повеќе
- Припадниците на овие хороскопски знаци мислат дека се попаметни од сите другиСите ние барем еднаш во животот сме сретнале оние луѓе кои- прочитај повеќе
- Во Сирија, градоначалникот беше погубен на улица: толпата славеше по ликвидацијата на сојузникот на АсадВо Сирија, градоначалникот на градот Думара, кој се наоѓа во северозападното- прочитај повеќе
- Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евраKaко што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), заклучно со септември минатата- прочитај повеќе
- Анџелина Џоли докажа дека има големо срце: Таа и нејзиниот син Нокс им помагаат на луѓето кои изгубиле сè во пожарот (фото/видео)Кога ќе се случи природна катастрофа, таа често ги остава луѓето- прочитај повеќе
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.